На барање на кандидатот за прв човек на Сплит – Жељко Керум, се пребројуваа 9.46% од гласачките ливчиња на локалните избори во Хрватска.
Член на една од надгледувачките странки – Давор Грчич, открива пикантности од пребројувањето и наведува дека е воодушевен од креативноста на сограѓаните.
Вели дека на крајот ќе останат околу 1.000 спорни ливчиња за кои кандидатот Керум ќе одлучи дали ќе одат на графичка анализа. Неважечките ливчиња ги проценува како израз на желбата на граѓаните за трета опција.
Ама ние сме тука за поинтересни ствари. Имено, Грчич вели дека „Сунѓерот Боб има завиден број гласови, дури и повеќе од поранешниот градоначалник Иво Балдасар, а и кандидатот Андро Опара, ако се пријавел без поддршка од ХДЗ…“.
Според него, освен ливчињата на поддржувачите на Сунѓерот Боб, другите неважечки главно биле исполнети со сочни коментари на сметка на Керум и Опарa…