Шумахер и Вебер казнети по Сингапур (видео)

Возачот на Мерцедес, Михаел Шумахер, доби казна од десет места на стартот од идната трка во Ф1 за Големата награда на Јапонија поради инцидентот што го предизвика на синоќешната трка во Сингапур.

Стјуардите одлучија дека Шумахер е виновен за сударот во болидот на Торо Росо, што го возеше Жан Ерик Верње. Потоа и Шумахер призна дека не можел да реагира поинаку.

„Откако излезе безбедносното возило, почнав да притискам на сопирачките, меѓутоа болидот не реагираше. Потоа сè се блокира и се случи сударот. Жал ми е за Верње“, изјави Шумахер.

{youtube}olkPtcd1R04{/youtube}

Претходно, Михаел Шумахер беше казнет со пет места поради сударот што го имаше во болидот на Бруно Сена на трката за ГН на Шпанија, а ја издржа на трката во Монако, каде што освои пол – позиција во квалификациите, а трката ја стартуваше од шестата позиција.

Марк Вебер ќе биде казнет со одземање на бодот што го освои во Сингапур, поради непрописно стекнување со предност со возење надвор од патеката во дуелот со возачот на Заубер, Камуи Кобајаши.

Судиите одлучија дека таквото однесување  заслужува казна од едно минување низ боксот, односно додадени се 20 секунди на неговото конечно време. Така, место Вебер, еден бод од трката во Сингапур ќе освои Серхио Перез од Заубер.

- Реклама -