Турскиот актер Халит Ергенч, кај нас познат како Сулејман започна судски спор со една приватна клиника поради тоа што наводно го вмешале во лаги.
Како што пишуваат медиумите, клиниката тврдела дека Сулејман почнал да ја губи косата поради носењето турбан и кацига, па поради тоа закажал кај нив пресадување на коса на местата каде што е ќелав.
Сулејман збеснал и веднаш ги отфрлил ваквите „реклами“, тврдејќи дека тој не планирал да го стори тоа во ниту еден период на својот живот.
„Јас до сега не сум ни знаел дека такво нешто постои. Не знам од каде им се на луѓето такви информации, но ситуацијата е јасна, се е направено поради реклама. Многумина отидоа дури и чекор понатаму тврдејќи дека веќе сум направил пресадување на косата. Некои наводно ме виделе како носам перика, но тоа се бесмислени приказни. Не е важно што носиш на главата, додека тоа што во неа го чуваш е чисто и добро“, изјави актерот.