На ексминистерот за транспорт и врски – Горан Сугарески, не му се јасни барањата за оставка од министерот за здравство Венко Филипче. Според него, Филипче дава сѐ од себе и таквите барања се залудни бидејќи тој никогаш нема да ги остави граѓаните и државата на цедило:
„Никако не ми е јасно ова секојдневново барање Министерот Филипче да дадел оставка и тоа ќе било спас од пандемијата. Аман бре луѓе. Човекот со целиот медицински персонал буквално изгина во помагање и спасување на луѓе. Ако имате некои предлог мерки предложете му ги нему и на Kомисијата. Ништо не помагате ако пишувате секој ден соопштенија да даде оставка. Нема да даде и да ги остави граѓаните и државата на цедило“, напиша Сугарески.