Суеверија за лебот од типот „ Не го оставај последниот залак“ и зошто?

Лебот секогаш заземал почесно место како на нашата трпеза, така и во културата и традицијата. Постојат безброј суеверија поврзани со лебот. Погледнете кои се најинтересните суеверија за лебот, како и некои интересни предвидувања со леб.

Според народните верувања никогаш не треба да се фрла леб . Се смета дека е грев и може да донесе лоша среќа и сиромаштија во  домот. Исто така не смее да се фрлаат трошки од масата на земја . Соберете ги во рака и фрлете им ги на птиците. Се смета дека птиците ја симболизираат душата на покојните.

Прочитај повеќе: Верувате ли во суеверија?

Ако не го изедете последниот залак, си ја оставете среќата.Додади опис

Од стари времиња е останато д дека лебот е Божји дар. Затоа не треба да го уништите со нож, туку да го скршите со раце . Исто така не треба не треба да подавате кришка леб, забодена  на нож или вилушка, бидејќи носи лоша среќа.

Лебот учествува и во толкувањето на соништа. Се смета дека, ако сонувате леб, ќе ви се случи нешто многу убаво.

Ако сечете леб, секогаш правете го тоа само од едната страна, за да остане богатството во вашиот дом. Исто така краевите на лебот секогаш треба да се јадат со  некој во семејството. Така среќата ќе остане во вашата куќа. Според некои суеверија не смее да им давате на соседите леб што сте го купиле за себе. Симболиката е дела ќе ја исфрлите среќа од дома и ќе им ја  предадете на соседите.

Прочитај повеќе: Зошто велат дека не е добро да се шета точно на полноќ?

Се проценува дека никогаш не треба да го оставате лебот на назад. Тоа исто така значи немаштија, а водено  не треба да го оставате лебот на земјата, за да не допрат до вас  лоши вести.

Кога јадете леб, гледајте првиот и последниот залак од секој оброк да ги попрскате со малку сол . Тоа е симбол на гостопримливост и ќе ви донесе среќа и богатство на вас и вашите најблиски. Според некои народни верувања секој оној кој што јаде сув леб, е голем авантурист.

Никој не е поголем од лебот. Затоа од почит, никогаш не треба да јадете леб во кревет. Ако меѓу чаршафите случајно ви падне и една трошичка, цела ноќ ќе имате кошмари .

 

Покрај различните интересни „бабински“  верувања за лебот , во минатото имало  и многу начини да се погодува иднината со негова помош.

Некои луѓе се обидуваат да ги предвидат лошите настани за семејство со следниов ритуал. Во сад со вода кршат парчиња леб, по големина – најголемото е симбол на мажот, а помалите  симбол на жената и децата. Потоа жената треба да допре со показалецот во  чинијата и да ја заврти неколку пати водата во насока на стрелките на часовникот. Ако наутро сите парчиња се заедно, семејството ќе биде здраво и среќно,  во спротивно може да се случи неволја.

Прочитај повеќе: „Не ја оставај ташната на земја“

Во минатото со помош на леб се погодувало и каков ќе биде идниот сопруг на немажените девојки. На 3 крпи се ставало парче леб, прстен и слама. Крпите се врзувале така што да изгледаат максимално исти. Ако девојката ја избере  крпата со лебот, тогаш сопругот ќе биде богат. Ако го избере прстенот – сопругот ќе биде  алчен и скржав, а ако ја избере сламата, нејзиниот сопруг ќе биде сиромашен.

- Реклама -