Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо има ритуали кои што ги изведува пред секој натпревар и досега на ЕП 2012 тие му донесоа многу среќа.
Шпанците вечерва дефинитивно ќе му посветат големо внимание, но тој повторно ќе ги изведе сите седум ритуали и ќе се надева дека Португалија може да направи чудо и да го елиминира европскиот и светски првак.
Еве што прави CR7 буквално пред секој натпревар, ритуал кој не го менува никогаш:
- Во автобусот секогаш седи на задното седиште, за разлика од авионот, каде секогаш седи на предното седиште.
- Почнува да жонглира со топката уште во соблекувалната, за да го навикне стапалото во пресрет на мечот.
- Секогаш стапнува со десна нога на теренот, пред почетокот на натпреварот.
- Кога ќе истрча на теренот, бара каде седи неговото потесно семејство на трибините, за да може да се заврти кон нив и да им го посвети голот што ќе го постигне.
- Пред самиот старт на мечот, кога судијата означува почеток, Роналдо прави скок со двете нозе и со колената удира во градите.
- На полувремето тој задолжително стои пред огледалото и ја мести својата фризура за да изгледа убаво и во вториот дел од натпреварот.
- Пред секој слободен удар тој застанува пред топката, а потоа со долги чекори, во стилот на Џон Вејн, но наназад, се враќа за да земе залет.