Во последната снимка објавена од италијанскиот весник „Ла Верита“, повторно се слуша Јанева која тврди дека обвинителите во СЈО не можат ништо да сторат без нејзина дозвола. За прв пат се споменува и премиерот Заев. Обвинителството ја повика обвинителката Стефанова од СЈО за исказ.
Јавното обвинителство со недели го одолговлекува случајот Рекет и создава можност за влиајение на сведоците за што доби опомена и од домашната јавност, но и од високи претставници на властите во САД кои се ментори на проектот СЈО кој се урива пред нивни очи со криминал побрутален и по јасен од оној што требало да го гонат. Снимиките кои со денови ги гледа и слуша јавноста, и тоа меѓународната, Обвинителството и обвинителката Рускоска ги имале и претходно а сепак не преземале ништо против главниот учесник во рекетот без кој тој не би бил можен – шефицата на СЈО Катица Јанева, објавува Судство.мк
Обвинителството за организиран криминал и корупција ја повикало на сослушување во вторник Лиле Стефанова, обвинителката на предметот „Империја“ на СЈО.
Стефанова била повикана по нејзината изјава дека и бил вршен притисок врз истрагата во која таа ги сомничи Орце Камчев, Цветан Панделески и други лица.
Неофицијално следна на сослушување ќе биде повикана и Специјалната обвинителка Катица Јанева
.