Судски совет: Наќе Георгиев никогаш не стана член на Советот

Во врска објавената информација во некои медиуми дека Наќе Георгиев бил член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, ја запознаваме јавноста со фактите дека истиот никогаш не стана член на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Наќе Георгиев беше избран за член на Судскиот совет од страна на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија но по реакција токму од членовите на Судскиот совет, Наќе Георгиев си поднесе оставка пред да даде свечена изјава во Сообранието на Република Северна Македонија.

Судски совет на Република Северна Македонија

Прочитајте и:  „Нетпрес“: Ќе ја разреши ли Судскиот совет судијката која направи сериозни прекршувања во случајот „Телеком-Фокуснет“?
- Реклама -