Судиите во НБА го изгубија компасот: Како ова не е аут? (ВИДЕО)

Судиите Тони Браун и Треј Медокс донесоа една од најлошите, ако не и најлоша одлука во историјата на НБА, и тоа во клучните моменти од дуелот на Хјустон Рокетс и Голден Стејт Вориорс.

При резултат од 132-132 и на 30 секунди до крајот на продолжението, Кевин Дјурант „спаси аут“ додека со двете нозе цврсто газеше токму во аут, исфрлајќи ја топката до Стеф Кари, кој погоди за два поена и водство во последните 22 секунди. Се чудеше и Харден, и кошаркарите на Хјустон, и коментаторите, и публиката…

Цела среќа што во следниот напад, на точно една секунда до крајот, Харден погоди за тројка, со што му ја донесе победата на Хјустон. Но, ако промашеше, тоа ќе беше дефинитивно најглупиот пораз во НБА, токму поради ужасната судиска одлука околу аутот на Дјурант.

 

- Реклама -