Судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски ќе почне на 30 јули

На 30 јули (вторник) треба да почне судењето за двојното убиство убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Судија во случајот ќе биде Ивица Стефановски, кој е избран преку АКМИС системот.

Основниот кривичен суд Скопје во понеделникот на 8 јули информира дека се одбиени како неосновани приговорите на одбраната на обвинетите за случајот со убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и обвинителниот акт се прифаќа во целост.

-Советот за оценка на обвинителен акт со КООА 83/24 против обвинетите: В.М., Б.В. и В.К. обвинети за по две кривични дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.1 и т.7 в.в. со чл. 22 од КЗ и чл. 123 ст. 2 т.1 и т.4 в.в со чл. 22 од КЗ како и две кривични дела – Грабнување од чл. 141 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл. 22 и чл. 141 ст. 1 в.в. чл. 22 од КЗ, и обвинетиот А.Ѓ. обвинет за едно кривично дело Грабнување чл. 141 ст.2 в.в. ст.1 в.в. чл. 24 од КЗ, а поврзано со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. во ноември минатата година. По разгледување и ценење на актот како и доставените приговори изјавени против обвинението од страна на одбраната на обвинетите, донесе решение со кое – Приговорите на одбраната се одбиваат како неосновани, а Обвинителниот акт се одобрува во целост, соопштуваат од Кривичен суд.

Прочитајте и:  Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, Кешишов го сменил првичниот исказ

Од Кривичен суд соопштија дека постапката против првоосомничениот за двојното убиство – Љ.П. е се уште во фаза на обвинителска истрага.

Основното јавно обвинителство Скопје во мај годинава поднесе обвинение против четири лица за грабнување и сурово убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Обвинети се Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски. Продолжува истрагата за две лица – едниот од нив е првообвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, кој неодамна беше екстрадиран во земјата, по бегството во Турција.

- Реклама -