Суарез го постигна првиот гол во ЛШ на гости од 2015 година

Милано, 29 септември 2021 (МИА) – Атлетико синоќа го победи Милан со 2:1 во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Напаѓачот Луис Суарез го постигна победничкиот гол во седмата минута од судиското надополнување.

Уругваецот се запиша во листата на стрелците од пенал. За него, овој гол беше прв од 2015 година на гостински терен на меч од елитното натпреварување. Суарез последен пат постигна гол на гости во Лигата на шампионите против Рома (1:1) во сезоната 2015/16.

По две кола во Б-групата, Ливерпул е лидер со максимални шест бодови, Атлетико Мадрид има четири, Порто еден, Милан е последен без освоен бод.

- Реклама -