Студентите ќе имаат шанса за практична работа во општините со нова иницијатива.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ најави дека од август ќе започне со реализацијата на проектот “Месеци на практикантство”. Целта на оваа иницијатива е да им овозможи на студентите да стекнат практично искуство преку работа во органите на локалната самоуправа. Според соопштението од партијата, програмата ќе се спроведува во текот на август и септември, во тесна соработка со државните универзитети. Оваа иницијатива е дел од напорите на Министерството за локална самоуправа за поттикнување на младите да се вклучат во активностите на општините и да придонесат за заедницата.

Прочитајте и:  „Сервирав одлично и тоа ми помогна во дуелот со Ѓоковиќ“