Континуирана меѓународна соработка во уметноста
Проектот претставува континуирана меѓународна соработка, која во 2024 година беше прикажана во Едрене, Турција (на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот во Тракија) и во Ниш (на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш). Секој нареден циклус на проектот вклучува нова, обогатена селекција на уметнички дела, прилагодена на специфичната локација и концептот на изложбата. Во 2026 година, овој проект ќе биде презентиран и во Галеријата на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.
Учество на студентите во меѓународната изложба во Сараево, заедно со присуството на делегација од четири члена од Факултетот за ликовни уметности при УКИМ, е поддржано од Министерството за култура и туризам на Македонија. Покрај самата изложба, посетата е планирана и за унапредување на интеринституционалната соработка. Ова вклучува потпишување договори за академска и уметничка размена, што ќе создаде нови можности за споделување на знаења, искуства и соработка меѓу студентите.




