Струшко станува ново жариште на коронавирусот – за само една недела бројот на заболени лица се искачи на 24, од кои 5 лица се починати: едно лице од с.Татеши и четворица од Лабуништа. Најкритично е токму во Лабуништа каде има најмногу заболени лица, а меѓу заразените, е и еден матичен лекар од ова село.
– Пациентите, тие што не се итни случаи имаат контакт со матичниот лекар, тој ги упатува каде што треба, а другите преку институцијата Итна медициска помош ги испраќаме до инфективното одделние Охрид и после ако е потрбно во Скопје.Тие се пациенти на кои им е потреба помош,така што ние ги гледаме како сите други,што да прават луѓето мора да дојдат на преглед” вели за Алфа д-р. Јован Стојкоски-директор на Ј.З.У. Здравствен дом Вевчани.
Лекарите од печалбарските села во овој регион, кои не сакаат да зборуваат пред камера велат ситуацијата е загрижувачка.
– Од ресорното министерство велат дека набавиле доволно опрема, но ние не сме виделе ништо од тоа. Самите преку интеренет купуваме скафандери кои чинат од 300 до 500 ден, за кои што не знаеме со какво квалитет се.Бидејќи не се професионални,не знаеме колку сме заштитени со истите-велат огорчени, лекарите.
Час поскоро мора да се превземат итни мерки, велат од Координативниот Совет на општина Струга. Тие веќе доставија допис до Владата со предлогот за изолација на селата каде има појава на опасниот вирус и тестирање на сите жители од овие села.
-Ние стоиме на истото,сега се формираа штабови по овие села што се поспецифични и заедно со нив ја анализираме ситуацијата и очекуваме во текот на денешниот и утрешниот ден да одлучиме како да постапиме понатаму. Мисам дека утре се очекува да дојде епидемилог во овие села како стручни лица да види каква е ситуацијата,врз осноава на тоа после ќе се постапи.Тоа ќе биде клучно дали ќе се стават овие места под карантин? Нормално,оставаме на експертите да одлучат – изјави Дашмир Насуфи од Координатвен Совет.
Со цел да се спречи ширењето на пандемијата во прекин се сите редовни линии за патнички превоз во Општина Струга,а се затвора и зелениот пазар во Струга. Граѓаните брзаа да ги купат основите намирници.
Жителите стравуваат, бидејќи вчера е дијаностицирано е и едни заболено лице во градот Струга.