Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје

Градоначалникот на Струга – Рамиз Мерко, вчера бил хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, откако имал симптоми, а потоа и било потврдено дека е заразен со коронавирусот SARS-CoV-2.

Информацијата за „Плусинфо“ ја потврдиле и од ДУИ – матичната партија на Мерко, а за порталот „Охриднет“ тоа го потврдиле и од локалната самоуправа. Од таму велат дека струшкиот градоначалник е во стабилна состојба и дека превентивно бил згрижен во болница.

- Реклама -