По повод Денот на независноста, Струмица била преплавена со летки со порака „Сонцето пак ќе ја огрее Македонија“, објави „Струмица денес“. Како што потсетува порталот, тоа е истата порака која Петте струмички студенти ја расфрлале на летки во 1951 година, со што го налутиле комунистичкиот режим и поради тоа биле cтpeлани.
Петте струмички студенти (ака. Струмичката петорка) се Мирко Пецев, Стево Топчев, Борис Белев, Ѓорги Костуранов и Ѓорги Јармов, сите на возраст од 20 до 23 години. Биле пoгyбeни кај селото Дорломбос на планината Беласица, на 13 август 1951 година, од страна на комунистичките власти во тогашната Социјалистичка Република Македонија во Струмица.
Струмичката петорка биле приврзаници на ВМРО и студирале во Загреб, а биле cтpeлани со образложение дека сакале илегално да пребегаат во Грција. Струмичани, пак, не го прифаќаат тоа објаснување. Според нив, студентите биле киднапиpaни и yбиeни од локалните безбедносни сили, бидејќи биле политички неистомисленици и блиски до идеите на ВМРО.
Во 2001, во малиот парк спроти Собранието на Општина Струмица, подигнат и споменик во форма на отворена книга од бел мермер во која се запишани нивните имиња. Локацијата има и посебна симболика – од тоа место почнува улицата на која студентите живееле.