Стрип продаден за 1,1 милиони долари

СпајдерменЉубител на стрипови потрошил 1,1 милион долари на речиси совршено сочуван примерок од Amazing Fantasy No.15, изданието во кое првпат се појавил Спајдермен. Овој стрип првпат се појавил во 1962 година, кога неговата оригинална цена била 12 центи.

На насловната на стрипот е прикажан Спајдермен кој вели: „Светот може да му се смее на Питер Паркер, срамежливиот тинејџер… наскоро ќе се воодушевува на неверојатната моќ на Спајдермен.“ Експертите велат дека овој стрип е толку вреден не само поради тоа што е реткост, туку и поради одличната состојба.
СпајдерменНовиот сопственик одбрал да остане анонимен. „Фактот што стрип од 1962 година е продаден за 1,1 милион долари е настан кој соборува рекорди“ изјавил основачот на ComicConnect.com, сајтот на кој била извршена продажбата, Стивен Фишлер. „Фактот што нешто толку ново би можело да има толку висока цена е навистина зашеметувачко.

Прочитајте и:  Уметничко дело направено од вештачка интелегенција продадено за над 1 милион долари

„Доцните педесети и раните шеесети важат за Сребрено Доба за стриповите, луѓето често се прашуваа за колку пари ќе се продаде овој речиси совршен примерок, денес откривме.“ Единствениот стрип кој бил продаден за поголема сума е издание на Action Comics No. 1 од 1938 година, првото појавување на Супермен, кој минатата година бил продаден за 1,5 милиони години.

- Реклама -