Проблемите на другите луѓе, дури и оние кои не ги познаваме, го зголемуваат нивото на стресни хормони кај нас.
Дури да немате турбуленции и непријатни, не можете да ги избегнете туѓите проблеми и нивното влијание врз вас.
Научниците од Институтот „Макс Планк” , на одделот за мозокот и когнитивните процеси на човекот кон општеството (Германија), велат дека стресот навистина може да биде заразен.
Експериментот кој што го спроведоа Вероника Енгерт и нејзините колеги, изгледал вака: волонтер бил подложен на математички тестови и испрашување, така што тоа да предизвика кај него стрес (ниво кое се мерело врз база на хормоналните промени). Во исто време случувањата ги гледал друг човек кој немал никаков директен стрес.
Како што пишуваат истражувачите во списанието Psychoneuroendocrinology, стресот се пренесувал од едно на друго лице – во просек кај 26% од набљудувачите, така што нивото на стресниот хормон – кортизол, се зголемувало.
Ефикасноста на зараза била поголема ако стресниот и набљудувачот се наоѓале во лични односи. Во овој случај стресот се пренесувал во 40% од случаите. Но дури и ако волонтерите не се познавале, заразителността била висока во 10% од случаите. Односно, емпатичниот стрес, како што го нарекуваат авторите, се темели на идентификување со себе, па така се манифестира без отпорни емоционални врски меѓу луѓето.
Стресот обично се јавува како адаптивна реакција на организмот, која помага да се извлечеш од тешка ситуација, но кога стресовите стануваат хронични, се појавува закана за здравјето – стресот му штети на имунитетот, провоцирајќи воспаленија, срцеви проблеми и др.
Во истражувањето е забележано дека мажите и жените го чувствувале подеднакво туѓиот стрес.