Стресот може да ви го уништи сексуалниот живот

Стресот предивикува зголемување на хормонот адреналин на биолошко, психолошко и хормонско ниво. Адреналинот поттикнува равој на процеси внатре и надвор од телото коишто го подготвуваат за броба или за бегство од ситуацијата…

… се зголемуваат крвниот притисок и пулсот. Се ослободуваат шеќери и масни киселини и во исто време, крвта од поневажните делови на телото се пренасочува кон виталните органи и мускули кои што ни служат за борба или за бегство.

Истите овие механизми кои што ни овоможуваат да преживееме некоја опасна ситуација доведуваат до појава на болести ако сме хронично изложени на неконтролирани стрес фактори. Луѓето коишто постојано се изложени на стрес ризикуваат појава на срцеви заболувања и заболувања на кардиоваскуларниот систем (стресот поттикнува лачење на масни киселини коишто го големуваат холестеролот, како и зголемување на нивото на адреналин кој што го зголемува пулсот).

Стресот, исто така влијае и на менструалниот циклус и либидото и може да предивика болки во пределот на срцето и стомакот. Нездравите животни навики како што се пиењето, пушењето и нездравата исхрана се исто така поврзани со стресот.

Британските истражувачи пронашле дека стресниот живот и нередовната исхрана го уништуваат сексуалниот живот на милиони Британци. Студијата спроведена од страна на Ново Нордиск вклучила 2037 испитаници над 16 години.

Една третина од испитаниците признале дека во последно време го избегнуваат сексот поради замор. Како директна последица на избегнувањето на сексуалните односи се јавува зголемување на тензијата во врската. Во комбинација со заморот, најчестите причини за намалување на либидото се стресот на работното место и стресот кој што е предизвикан од финансиската ситуација.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -