Стресот може да ја наруши вашата убавина

Се наоѓате во ситуација во која треба да одговорите на десетици мејлови, безброј телефонски разговори, состаноци, и што уште не. Во постојана борба сте со времето и со постојаните стрес. Организмот штити од стресни ситуации така што ги пушта хормоните да го подготват телото за итна акција, а тие може да влијаат на вашата убавина.

Несакани ефекти од хроничен стрес

Катастрофална кожа

Сигурно ви е позната разликата кога сте на одмор и кожата ви изгледа свежо, блескаво и прекрасно, и кога сте постојано на работа, не спиете доволно, па кожата изгледа грубо и старо. Кога адреналинот се испушта низ телото крвниот проток е насочен настрана, па доаѓа до намалување на кислород во кожата, правејќи ја помалку хидрирана и склона кон затворени пори. Резултатот е очигледен – линии и брчки низ целата кожа. Со ослободувањето на кортизол се зголемува производството на масти, и доколку сте под постојан стрес, постојаното регенерирање на клетките е забавено, па им треба подолго време за повторно да се обноват. Сите овие ефекти заедно можат да предизвикаат кожни заболувања како акни, енземи, псоријаза и слично. Стресот, исто така, предизвикува слабеење на имунолошкиот систем оставајќи ја кожата подложна на напади.

Решение: Бидејќи вашата кожа е во лоша состојба, важно е да се држите до една рутина која што секојдневно ќе ја извршувате и ќе знаете дека кожата ја добива потребната нега. Доколку стресот предизвикал кожни заболувања како псоријаза, акни или слично, посетете дерматолог. Но ако само се обидувате да ја подобрите состојбата на кожата, користете крем што содржи церамиди (липиди кои ги заменуваат природните маснотии од кожата), како и мега-хидратори како хијалорунска киселина за привремено исправање на линиите на кожата и замена за заштитниот слој.

Прочитајте и:  Шест фактори на ризик за преддијабетес

Помасни масни клетки

Напливот на кортизол го одржува шеќерот во крвта избалансиран, а адреналинот го прави телото поефикасно во претворање на масните клетки во енергија. Но кога сте под константен стрес, во телото има зголемено ниво на глукоза, и наместо да ја претвора во енергија, ја чува во облик на маснотии, што на крај резултира со зголемување на телесната тежина. Додека вашиот метаболизам е поефикасен поради вишокот адреналин, ова зголемување може да влијае за нарупување на хомеостазата на метаболизмот.

Решение: Здравата исхрана ќе му даде на телото хранливи материи кои му се потребни за да може правилно да функционира, а воедно и да ги ограничи ефектите од стресот. Со зголемувањето на шеќерот во крвта, урамнотежена исхрана може да помогне за баланс на нивото на глукоза и да го спречи зголемувањето на телесната тежина.

Проширени вени

Врската на телото со умот не е измислена теорија, туку напротив, сосема е легитимна. Зголемениот крвен притисок е директен резултат од стрес. Константното покачено ниво на хормони предизвикува зголемен крвен притисок подолго време, што може да доведе до проблеми со крвните садови, црвенило и попуштени или проширени вени.

Решение: Секако, генетиката игра голема улога во тоа дали сте или не сте склони кон овие работи, но како го организирате животот, исто така, има голема улога. Имајте на ум дека овие дефектни вени не се случуваат преку ноќ, туку со тек на време, а стресот само придонесува. За проширени вени носете хулахопки секогаш кога е можно за да се стегнат крвните садови, и држете ги нозете кренати нагоре за да ја подобрите циркулацијата и да се релаксираат. [Here’s Why Stress Is Killing…The Way You Look]

- Реклама -