Стравови кои што ја убиваат нејзината желба за секс

Многу е важно мажот да знае да ја опушти жената и да ја ослободи од сите стравови. За почеток, дознајте кои се тие стравови кои на жената можат да ѝ ја уништат желбата за секс.

Страв од болка

Најчестиот страв кај жената е дека сексуалниот однос ќе биде болен за неа. Всушност, тоа толку многу може да влијае, што ќе ѝ создаде фобија.

Премногу се грижи како изгледа

Речиси секоја жена е по малку несигурна за одреден дел од нејзиното тело. Некои пак, одат предалеку со тоа и ги преувеличуваат работите, со што лошо си влијаат на сопствената самодоверба во сексот. Мажите го забележуваат тоа и не сакаат жени кои не можат да се опуштат.

Голем притисок

Жените се под постојан притисок дека мора да бидат совршени во кревет. Повеќето сакаат да остават добар впечаток, што е всушност голем минус бидејќи тогаш не сте опуштени.

Што ако се случи нешто лошо

Стравот од бременост и полови болести е постојано присутен во женскиот мозок дури и пред самиот секс. Црните мисли се едни од главните убијци на атмосферата кои ја прават анксиозна и исплашена.

Страв од напуштање

Верувале или не, повеќето жени се плашат дека ако не се покажат добро во кревет мажот ќе ги напушти.

- Реклама -