Одделот од една болница за пораѓај на Филините се најде на удар на критиките, откако во јавноста се појави фотографија на бебе чија што уста е залепена со селотејоп.Фотографијата на бебето старо неколку дена со селотејоп преку устата ја објавил неговиот татко, кому што надлежните му одговориле дека биле приморани на таков потег бидејќи малиот постојано плачел.
„ Ова е далеку од професионализам и хуманост“, напиша лутиот татко на Фејсбук.
Службите веднаш покренале истрага за случајот.