Стотици илјади мигранти од Африка и Блискиот Исток ја продолжуваат својата голгота кон Европа, бегајќи од сиромаштијата, војната и хаосот во нивните татковини. Потврдено е дека повеќе од 3.000 загинале преминувајќи го Средоземното море, и тоа само годинава. Сега, со крајот на летото, е уште поризично, па европските авторитети и невладини организации се обидуваат да спасат и да им помогнат на што е можно повеќе од нив.
Фотографот на Франс Прес – Арис Месинис, неодамна се качи на еден од спасувачките бродови за да документира само дел од илјадниците очајни мигранти набутани во криумчарските бродови залутани и оставени на милост и немилост на Медитеранот. Еве што виде:
^ Извлечено мртво тело
^ Мртви тела на дното на еден од бродовите.
^ Онесвестена жена
ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА: Мигранти седат до мртви тела и чекаат да бидат спасени во спасувачката акција на Proactiva Open Arms, на 4 октомври 2016. 28 мртви мигранти се најдени во френетичната акција за спасување на мигрантите од Либија, од кои 22 на преполн дрвен брод. Сликата, на ваша одговорност, можете да ја видите ТУКА.
Atlantic