Не е потребно една приказна да биде долга, за да биде страшна.
Сајтот Reddit направи конкурс меѓу своите читатели на тема ужасни приказни склопени во две реченици. Еве ги победниците:
Се разбудив од звукот на чеканот по стаклото. Прво помислив дека доаѓа од прозорецот … додека не го слушнав – од огледалото.
*
Последното што го видов пред таа да ги забие своите долги нокти во моите гради, беше часовникот кој покажуваше 12:07. Седнав нагло на креветот со радосно чувство дека било само сон, но тогаш погледот ми падна на часовникот кој покажуваше 12:06, а вратата на плакарот се заотвори со крцкање …
*
Израсната сум со мачки и кучиња и сум навикнала на звукот на гребење по вратата на спалната соба. Сега, кога живеам сосема сама, ми изгледа многу загрижувачки.
*
Таа ме праша зошто стенкам така. А јас не стенкав.
*
Вчера жена ми ме разбуди во текот на ноќта, за да ми каже дека во куќата влегол крадец. Таа беше убиена од крадец, а куќата ни е урната пред 2 години.
*
Се разбудив од звукот на бејбифонот и слушнав како женски глас го смирува моето дете. Се свртев на другата страна и мојата рака ја допре жена ми, која спиеше кротко до мене.
*
Секогаш ми се чинело дека мојата мачка има проблем со погледот и ме зјапа во лице. Додека еден ден не сфатив дека гледа токму зад мене.
*
Ништо не може да се спореди со бебешката смеа. Особено ако е еден по полноќ, а си дома сосема сама.
*
По напорниот работен ден се вративме дома и најдов девојка која гушка дете. Не знам што ми беше пострашно – да видам една мртва девојка со мртвородено бебе или мислата дека некој влегол во мојата куќа, за да го остави таму.
*
Тргнав да го покријам мојот син , а тој ми рече: „Тато, види дали има чудовишта под креветот!” За да го израдувам, погледнав и го видов уште еднаш – под креветот, треперливо, како ми шепоти: „Тато, има некој на мојот кревет …”
*
Во мојот телефон има слика како спијам. Живеам сама.
*
За сите години во кои живеам во оваа куќа, се колнам дека сум затворил повеќе врати, отколку што сум отворил.
Прочитај повеќе: Језовштини