Стотици илјади ракови ги преплавија плажите во Калифорнија

Стотици илјади мали црвени ракчиња ги преплавија плжите на југот во Калифорнија, боејќи го песочниот брег во црвена боја, објавија експертите.
Топлите морски струи ги носеле кон северот и во близина на брегот што не е вообичаедно, па илјадници загинале на плажата, додека некои морето ги повлекло кон назад – живи.

629264_20150617reuterssandy-huffakerdana-pointdi007844797preview_f

Според експерт за океанографија од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, Линдзи Сала, ваквите појави се веќе забележани и нема да водат кон исчезнување на видот.

„ Ова е дефинитивно показател на топлите води. Дали е директно поврзано со Ел Нињо или други океанографски услови не е сигурно“, вели Сала.

629262_20150616apmindy-schauernewport-beachdi007837793preview_f

Сала предупредува дека раковите не се за јадење поради тоа што можеби конзумирале фитопланктон кој произведува токсини. Научниците откриле и досега најголемо цветање на алги во Тихиот Океан од северниот дел на Калифорнија, до државата Вашингтон, а Сала не може да каже дали раковите на брегот се поврзани со тој феномен.

629263_20150616apmindy-schauernewport-beachdi007837796preview_ff

Раковите се неколку сантиметри големи и личат на минијатурни јастози, а воглавно се хранат во горниот слој од океанот.

629265_20150617reuterssandy-huffakerdana-pointdi007844807preview_f

- Реклама -