Патниците и жителите од австралискиот Кемпбелтаун (дел од Сиднеј) се бесни на градскиот совет бидејќи „поради нивната некомпетентност“, велат, стотина автомобили завршиле заглавени на новоотворен паркинг кај железничката станица Leumeah.
Имено, паркингот бил реотворен без паркинг местата да бидат соодветно означени, по што многу од возачите се паркирале тотално неплански – залепени едни со други, практично блокирајќи го целиот паркинг, додека пак други возачи ги блокирале нив.
https://www.facebook.com/7NEWSsydney/videos/2166288053438649/
Еден од засегнатите возачи коментира: „Ако не, нека ни дадат линијар и боја, па сами ќе си нацртаме“. Други велат дека ваквите коментари ја промашуваат поентата, а поентата е дека на денешниве луѓе очигледно сè треба да им се нацрта, бидејќи немаат навика да го вклучуваат мозокот. „Сум била во неразвиени земји и таму знаат да возат далеку подобро од ова“, коментира една жена за сиднејскиот „7 News“.
Од градскиот совет се правдаат дека планирале означувањето на паркингот да го завршат во сабота, но по „скандалот“ ветија дека ќе испратат пероснал да го регулира сообраќајот и нема да ги казнат и да им наплатат на возачите што се нашле затекнати или придонеле за блокадата.