Најголемата човечка миграција на светот: Стотина милиони Кинези одат на одмор

Стотина милиони работници од периферните и зафрлени градови на Кина тргнаа на пат да се сретнат со своите семејства и пријатели. Тоа се должи на најголемиот кинески празник – лунарната Нова година.

Илјадници луѓе на железничката станица во Пекинг очајно се обидуваат да набават карта, и притоа се принудени да чекаат во огромни редови и во огромни турканици. Побарувачката е толку голема што добар дел од луѓето мораат да се снаоѓаат со секакви други транспортни средства – не ги собира сите во експресен воз.

Кинеската лунарна Нова година паѓа на 28 јануари. Овој празник, во Кина познат и како Фестивал на пролетта, е време кога Кинезите се собираат со своите семејства и уживаат во изобилство од храна, ама и од огномет.

Патувањата низ Кина пред големиот празник се сметаат за најголемата годишна миграција на луѓе на светот. Се проценува дека до петок, вечерта кога се слави Новата година, во Кина ќе се реализираат околу три милијарди патувања.

https://youtu.be/UF9W9owBnG4

 

- Реклама -