Стопи мрсни боици во микробранова печка. Она што го направи со нив ќе ве воодушеви

Како големи обожаватели на „направи сам“ проектите, денес ви прикажуваме едно навистина генијално видео кое сме сигурни дека ќе ве освои веднаш.Станува збор за креативна идеја која на забавен начин ги претвора вашите мрсни боици во колоритни и декоративни свеќи.

crayon-candles-3

Се што ви е потребно се неколку боички во вашите омилени бои, една обична свеќа (која ќе ја исецкате на повеќе мали парчиња и ќе ја соедините со боичките), врвка, микробранова печка и многу трпение.

Секоја мрсна боица ја кршите на неколку делови кои ги распоредувате во чашки. Над нив рендате чист восок (од свеќата), и ги ставате во микробранова печка околу 2 и пол минути. Ги промешувате со чечкалица додека бојата не стане еднолична, и ги сипувате во чаша. Откако ќе се стврдне и олади восокот,ја повторувате постапката и со останатите бои, се до самиот врв.

Резултатот е неверојатен.

- Реклама -