Стадо овци во Велика Британија започнало да се однесува прилично чудно откако изело неколку вреќи со марихуана кои некој ги расфрлил на полето во кое животните паселе.
Според пишувањето на лондонскиот Телеграф, настанот се случил на една фарма во Сари, југоисточна Англија, откако сопственичката го забележала необичното однесување на овците.
Полицијата на шега соопштила дека нема да поднесе пријава врз овците заради „нелегалниот оброк“ но дека покренала истрага со цел да истражи кој стои зад случајот, односно лицата кои ја фрлиле марихуаната вредна 5000 евра.
Нивното пронаоѓање нема да биде воопшто лесно, особено бидејќи овците го изеле речиси целиот доказен материјал.
Нивната сопственичка, Нели Бад, изјавила дека сега засега не забележала некакви особени нуспојави, но дека за некоја недела ќе провери какво е нивното месо.