Вашингтон, 2 јуни 2022 (МИА) – Западните земји мора да се подготват за долготрајна војна на исцрпување во Украина, предупреди денеска во Вашингтон генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по средбата со американскиот претседател Џозеф Бајден.
„Мораме да бидеме подготвени на долг рок. Затоа што она што го гледаме е дека оваа војна сега стана војна на исцрпување“, изјави Столтенберг.