Столтенберг: Помошта за Украина мора да остане најмалку 40 милијарди евра годишно

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска, на дводневниот форум на НАТО за долгорочната поддршка за Украина, што се оддржува во Прага, денеска ги повика шефовите на дипломатииите на Алијансата да се обврзат нивните земји да ја задржат годишната воена помош за Киев на минимум 40 милијарди евра.

-Од целосната инвазија на Русија во 2022 година, сојузниците секоја година обезбедуваат воена помош во вредност од приближно 40 милијарди евра за Украина. Мораме да го одржуваме барем ова ниво на поддршка секоја година, онолку долго колку што е потребно, изјави Столтенберг.

Прочитајте и:  Украина: Новата хиперсонична руска ракета развила брзина поголема од 11 маха (речиси 3.8 километри во секунда)
- Реклама -