Столтенберг: Нема поента да се размислува за влез на Украина во НАТО ако не ја победи Русија, сега најважно е да се запре Путин

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека доколку Украина не победи, нема да има смисла да се размислува за нејзино членство во Алијансата.

„Денеска е најважно да се осигураме дека претседателот на Русија Владимир Путин нема да победи… И дека Украина е зачувана како суверена држава бидејќи, во спротивно, ако Украина нема можност да постои како независна суверена демократска држава во Европа, нема смисла да се размислува за нејзино членство“, кажа шефот на НАТО на форум во Брисел.

Тој додаде дека во оваа ситуација НАТО сега мора да покаже единство за поддршка на Украина.

Столтенберг, исто така, кажа дека во Киев е доставено многу оружје за контраофанзива.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат

Генералниот секретар на Алијансата, инаку, следната недела ќе ги посети САД. Тој ќе биде во Вашингтон на 12 и 13 јуни и ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден и американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

МИА

- Реклама -