Столтенберг: НАТО ќе се грижи за безбедноста на Шведска штом ќе поднесе барање за членство

Стокхолм, 5 мај 2022 (МИА) – НАТО ќе го зголеми своето присуство околу границите на Шведска на Балтичкото Море додека се обработува потенцијалното барање на земјата за членство во Алијансата, изјави генералниот секретар на НАТО – Јенс Столтенберг, за шведската телевизија СВТ.

„Од потенцијалниот момент кога Шведска ќе поднесе барање за членство и кога НАТО ќе каже дека сака да го прифати, постои многу силна посветеност од НАТО да ја гарантира безбедноста на Шведска“, рече Столтенберг.

Москва ги предупреди Шведска и Финска за „сериозни последици“ и рече дека може да распореди нуклеарно оружје и хиперсонични ракети во нејзината енклава Калининград доколку двете земји станат членки на НАТО.

Прочитајте и:  Макрон го повика Путин да се вразуми, а Кина да го притисне за деескалација... потегот на Бајден го смета за „добра одлука“
- Реклама -