Столтенберг: На Украина ѝ треба повеќе оружје и технологија, оружјето за Украина е патот кон мирот

На Украина и треба повеќе оружје бидејќи колку е посилна на бојното поле, толку посилна ќе биде нејзината позиција на преговарачката маса, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на Првиот меѓународен форум за одбранбена индустрија во Киев, пренесува Укринформ.

„Само храброст не ги спречува беспилотните летала. Само херојството не може да пресретне ракети. На Украина ѝ треба технологија. Висок квалитет. Високо количество. И брзо. Нема одбрана без индустрија“, рече Столтенберг.

Тој ја пофали генијалноста на украинската одбранбена индустрија, истакнувајќи дека во производството на воена опрема, од беспилотни летала до опрема за чистење мини, Украина има иновации „со молскавична брзина“.

„Колку Украина е посилна на бојното поле, толку посилна ќе биде нејзината позиција на која било преговарачка маса. Значи, иако звучи како парадокс, за Украина оружјето е патот до мирот“, рече Столтенберг.

Прочитајте и:  Макрон: Победата на Украина е во интерес на Европа, не може вечно да се потпираме на САД

МИА

- Реклама -