Столот може да убие!

 

Континуираното седење на едно место го скратува животот, предупредуваат американски експерти. Истражувањето покажува дека седењето со часови го зголемува за неколку пати ризикот од кардиоваскуларни болести и дијабетес, а метаболизмот се забавува.

Луѓето кои седат во канцеларија и дома 11 часа на ден, страдаат од 40 проценти  поголем ризик од смрт во наредните три години, во споредба со оние кои поминуваат седнати помалку од четири часа на ден.

Столот навистина е способен да убие човек. Утринската прошетка и екскурзии се од витално значење за доброто здравје.

Ако работата ви е на стол по цел ден, обидете се да правите кратки паузи со прошетки. Дневно  треба да пешачите најмалку 30 минути, препорачуваат експертите.

Прочитајте и:  Оваа секојдневна навика може да го намали ризикот од деменција за 12 проценти

Оние кои гледаат телевизија по шест часа на ден, ќе живеат речиси пет години помалку. Возрасните над 25 години, кои поминуваат само еден час пред телевизорот дневно, го намалуваат животниот век за 21,8 минути. Цигарата го намалува животот за 11 минути.

- Реклама -