Проблемот со компактните, енергетски ефикасни возила е недостигот на багажен простор.
Дизајнери од целиот свет работат напорно на создавање на мебел за вашиот дом кој ќе може да биде транспортиран и во најмалите автомобили. Тоа било идејата и на Карл Де Смет кој го создал овој удобен стол од пена кој се собира во мал блок со само пет проценти од неговата оригинална големина.
Тоа е доволно мало за да биде сместено во вашиот автомобил, а кога ќе стигнете до вашиот дом нема потреба од составување. Столот е направен од полиуретански полимери кои можат да меморизираат облици што значи дека како и да го извиткате, тој ќе го врати својот оригинален облик.
Сè што е потребно е мало охрабрување во форма на електрично полнење или во овој случај топлина. Овој стол е само прототип наменет за демонстрирање на потенцијалот на овој нов материјал за дизајнирање на мебел.