Директорот на Центарот за управување со кризи – Стојанче Ангелов, попладнево во ЦУК оствари средба со амбасадорката на САД во земјава – Кејт Мари Брнз.
Целта на средбата, како што информираат од ЦУК со објава на фејсбук-профилот, била претставување на тимот од Шумската служба на САД, којшто како поддршка од УСАИД на националните напори за справување со шумските пожари, во наредните две недели ќе пружи поддршка на субјектите и на ЦУК на стратешко и тактичко ниво, но и ќе се програмираат активности за понатамошна соработка.
Од ЦУК потенцираат дека амбасадорката Брнз остварила и средба со членовите на Главниот штаб за управување со кризи, којшто е во постојано заседавање, при што била информирана и за актуелната состојба и справувањето со пожарите.