„Ковачевски не може да обезбеди едно село како Слупчане да плаќа струја и да се постават струјомери на сите куќи, а не пак да обезбеди европска иднина“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на прашање дали премиерот Димитар Ковачевски може да обезбеди европска иднина.
Стоилковски побара, како што рече, Ковачевски да обезбеди „консензус за плаќање на струја“, па дури потоа да зборува за национален консензус.
„Епска драма приреди во Слупчане. Нека обезбеди консензус за плаќање на струја, само во едно село, да не се краде струја, да се постават современи струјомери, пред да зборува за национален консензус! Човекот купува време за да се докраде сѐ што може како власт“, оцени Стоилковски.
Единствено за што е возможен консензус, порача, е консензус за предвремени избори.