iPhone 5S и 5C беа пуштени во продажба во Велика Британија во саботата, а неколку веќе беа оштетени.
Претставници од компанијата за заштита и гаранција SquareTrade чекаа на ред пред продавницата и потоа застанаа на чело на редицата со новите смартфони со цел да демонстрираат што им се случува при пад.
Што се случува кога ќе ви паднат смартфоните iPhone 5S и 5C?
Со помош на машина за тестови наречена Phone Terminator, два iPhone прелетаа шест метри на улицата. Резултат? Поминаа одлично. iPhone 5S беше малку оштетен, но 5С беше малку повеќе оштетен во делот близу до камерата и неколку гребнатини на екранот. Како и да е и двата смартфона сепак работат и по падот и без било каква штета што би влијаела на нивната употреба.
Од компанијата SquareTrade деновиве планираат да изведат повеќе drop тестирања на телефоните, вклучувајќи го тестот, што се состои од потопување на смартфоните во вода. Погледнете го видеото.
Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk