Сите што имаат проблем со мигрена, знаат какви болки се тоа. Затоа треба и да се знае, што се може да ја активира мигрената. Верувајте, ќе се изненадите!
Предолго спиење
Сите знаеме дека недостатокот на сон, може да предизвика главоболка. Меѓутоа, докажано е дека мигрената може да се јави доколку заболениот се преспие (доколку спие многу повеќе од вообичаено). Мигрената едноставно не сака рутината да и се менува, а долгото спиење е токму тоа. Најдобро е да се будите секое утро во исто време!
Мирот после стресот
Потполно е логично стресот да предизвикува здравствени проблеми, но и мирот кој се јавува после стресната ситуација. Зошто? Телото реагира со зголемување на нивото на хормоните, кој подоцна откако ќе помине стресот, нагло се намалуваат. Таа нагла промена може да ја активира мигрената. Токму тоа може да е причината зошто мигрената ви се јавува за време на викенди и годишни одмори!
Дожд
Иако не е научно докажано, забележано е дека мигрената се јавува за време на дождливите денови. Многумина кои патат од оваа дијагноза, тврдат дека им е најлошо кога врне.
Тирамин и танин во исхраната
Храната која содржи тирамин и танин можат да ја активираат мигрената. Тираминот се содржи во црното вино, сирењето, преработено месо и свинското месо, но во природата го има насекаде од почвата до дрвата и семките. Танинот се содржи во црното вино, чај, кафе и во некои сокови.
Некои парфеми
Јаките парфеми можат да предизвикаат силна мигрена, односно јакиот мирис ги дразнат некои центри во мозокот кои ја активираат мигрената. Тоа е многу често кај луѓе кои се осетливи на мирис.
Разликите во конзумирање на кафе
Мигрената може да се активира доколку сме се напиле или повеќе или помалку кафе во текот на денот. Ова докторите многу ги збунува, па повторно се враќаме на препораката дека потребно е да бидеме умерени и рутинирани во секојдневието.
Алкохол
Телото го претвара алкохолот во ацетат, па токму тоа може да ја активира мигрената. Докторите ширум светот не го препорачуваат конзумирањето на алкохол на заболените од мигрена. Доколку некогаш сакате да наздравите, бидете умерени во конзумацијата. Утрото може да ви се види пеколно доколку претерате.
Секс
Сексот секогаш е препорачан за ослободување од стресот или од обичната главоболка, но не и за мигрената. Стручњаците не се сигурни зошто точно се случува ова, но се претпоставува дека е поврзано со хемиските и хормоналните промени во мозокот за време на сексот. Она што го препорачуваат докторите во ваквата ситуација е редовно да се вежба. На тој начин ќе го припремите телото за хемиските промени за време на сексот.
Сите овие совети се пронајдени на интернет и не може да се тврди за нивната веродостојност. За било каков чекор задолжително советувајте се со вашиот матичен лекар!