FarmVille 2 пристигна на Facebook и сега нуди неколку новитети како надградба на успешната формула.
Што е ново во FarmVille 2:
3D камера – благодарејќи на моќта на Flash 11, Farmville 2 сега е 3D игра. Во играта сè уште имате исометричен поглед и воопшто не можете да ја манипулирате камерата, но играта изгледа подобро од претходникот.
Фармата е екосистем – работите на вашата фарма се поврзани со ново ниво на комплексност – можете да ја сомелете вашата жетва во храна за добиток, да сечете дрвја за градење нови градби.
Вода – на вашата фарма сега ќе ѝ биде потребна вода. Водата е најважниот ресурс за вашата фарма и ќе имате ограничена количина (освен ако платите за повеќе) која ќе мора мудро да ја искористите.
Тезга на патот – патот до вашата фарма ќе биде пристап за вашите пријатели но ќе ви дозволи и да поставите тезга на која ќе можете да ги продавате вашите плодови.
Селото – селото сè уште не е функционално но планот е селото да биде дестинација за вашата жетва.
Десен клик – благодарение на Flash 11, отсега ќе можете да кликнете на десното копче на вашето глувче, како во вистинска компјутерска игра. [FarmVille 2]