Обично жените се оние кои во себе носат многу стравови, особено кога станува збор за сексуалните односи. Меѓутоа, и мажите имаат свои грижи. Верувале или не, во врска со сексот постојат и нешта кои ги плашат мажите.
Непланирана бременост
Ова е најголемиот страв кај многу мажи, посебно ако врската сеуште не е сериозна. Тие се плашат да не им се случи такво нешто, затоа што на несаканата бременост гледаат како на проблем кој може да им го искомплицира животот. Решение може да биде искрен разговор со партнерот. За тоа, не треба да постои страв, обично и жените не сакаат предвреме да се соочат со таков пресврт.
Полови болести
Од ова стравуваат и мажите и жените. Никој не сака да биде болен. Секогаш користете перзервативи, бидејќи вистина тие претставуваат најдобра заштита. Ако не сте сигурни во парнерот, најдобро избегнувајте секс.
Големината на пенисот
Многу мажи се загрижени околу големината на својот полов орган. Стравуваат дека е можно неговата големина да не го задоволи партнерот и дека ќе бидат категоризирани како лоши љубовници. Меѓутоа, токму тие стравови можат да бидат причина за лош впечаток.
Лош секс
Многу мажи се загрижени да не ги снајде лош секс. Поконкретно, мажите се плашат дека партнерката нема да ги исполни нивните очекувања. Од тоа стравуваат пред првиот секс со новиот партнер, а особено ако им значи многу. Причина за тие стравувања најчесто се големите очекувања. Тоа што жената во креветот не се покажала веднаш како експерт, не значи дека е лоша љубовница. Можеби и таа има свои стравови.
Времетраење на сексот
Мажите се преоповарени со траењето на секуалниот чин. Дали траело премногу кратко или предолго? Мажите сакаат да се пофалат после сексот, па затоа има е важна и оваа, временската димензија.
Недостаток на ерекција
Ова е можеби најголемиот страв кај скоро сите мажи – откажување во клучен момент. На мажите кои често размислуваат за тоа, воглавно тоа и им се случува. Ваквиот проблем најчесто е последица на психолошки потешкотии.