Стивен Хокинг наполни 73 години: Ова се неговите најдобри цитати

Стивен Хокинг, физичарот кој ни помогна да ги разбереме многу од мистериите на универзумот, вчера (8 јануари) наполни 73 години.

Енормно влијателниот физичар, кој беше дијагностициран со болест на моторните неврони на само 21 година, доживеа длабока старост и исполнет живот. Тука ги претставуваме некои од најдобрите цитати на професорот Хокинг.

„Најголемиот непријател на знаењето не е незнаењето, туку е илузијата на знаење.“
„Ме изненадува колку незаинтересирани сме денес за работи како физика, вселена, универзумот и филозофијата на нашето постоење, нашата цел, нашата крајна дестинација. Тоа е луд свет таму. Бидете љубопитни.“
„Секогаш сум се обидувал да ги надминам ограничувањата на мојата состојба и да водам што поисполнет живот. Имам патувано низ светот, од Антартикот до нула гравитација… Можеби еден ден ќе одам во вселената.“
„Јас го гледам мозокот како компјутер кој ќе прекине да работи кога неговите компоненти ќе откажат. Не постои рај или задгробен живот за расипани компјутери; тоа е бајка за луѓе кои се плашат од темнината.“
„Јас имам живеено со очекувања на рана смрт во последните 50 години. Не се плашам од смртта, но не се брзам да умрам. Имам толку многу што сакам да направам прво.“
„Сакам да знам зошто постои универзумот, зошто постои нешто поголемо до ништо.“
„Тивките луѓе имаат најгласен ум.“
„Прво, запомни да гледаш горе накај ѕвездите а не долу во нозете. Второ, никогаш не се откажувај од работата. Работата ти дава значење и цел и животот е празен без неа. Трето, ако си доволно среќен да пронајдеш љубов, запомни дека е таму и не ја фрлај.“
„Животот би бил трагичен ако не беше смешен.“
„Интелигенцијата е способноста да се приспособи на промена.“
„Примитивниот живот е многу почест и интелигентниот живот е прилично редок. Некои би рекле дека тоа допрва ќе се појави на Земјата.“
„Иако не можам да се движам и морам да зборувам преку компјутер, во мојот ум јас сум слободен.“
„Мојата цел е едноставна. Таа е целосно разбирање на универзумот, зошто е таков каков што е и зошто постои воопшто.“

Минатата година во ноември излезе биографскиот филм за Стивен Хокинг „The Theory of Everything“, во кој дејствието го покажува неговиот студентски живот и неговата љубов со неговата жена. Погледнете го трејлерот за филмот подолу:

- Реклама -