Ранчот на холивудската легенда и љубител на автомобили и мотори – Стив МекКвин, зафаќа површина од околу 200 хектари, а се наоѓа во непосредна близина на Sun Valley Resort, во Ајдахо. Имотот е проценет на 7.4 милиони долари и во моментот е на продажба, а вклучува огромна двокатна дрвена куќа и уште поголем анекс со гаража од 118 квадратни метри! Да, гаража од 118 квадратни метри. Тоа е поголема површина од најголемиот број куќи за живеење. Само замислете колку автомобили може да собере.
Иако МекКвин не ја изградил гаражата (починат е во 1980-тата, а гаражата е изградена во 2010-тата), сигурно би имал извонредна колекција од автомобили да паркира во неа. Во времето на неговата смрт, тој поседувал преку 100 мотори и неколку егзотични автомобили, меѓу кои 1970 Porsche 911S, 1956 Jaguar XKSS и 1963 Ferrari 250 GT Berlinetta Lusso.
Тој се смета за многу повеќе од ентузијаст за автомобили – бил професионален автомобилски тркач, учествувал во оф-роуд трки со мотори, а згора на се, тој лично ги изведувал повеќето возачки егзибиции во неговите филмови. Најзначајните се автомобилските брканици во Bullit и тркачките секвенци во Le Mans.
Разгледајте го ранчот и уживајте: