Стив Џобс не им дозволувал на децата да користат паметна технологија

 

Дури и креаторот на најценетата и почитувана фирма во светот, Apple Inc, бил загрижен за тоа каков ефект ќе има изложување на неговите деца на технологијата, која што тој самиот ја создавал.

Токму ова е едно од најкомплексните прашања пред младите родители на новото време – дали да им дозволат на своите деца да израснат со технологија, или да се обидат да  допрат до нив во подоцнежната возраст.

Во 2010 година репортерот Ник Билтон му поставува интересно прашање на Стив Џобс: дали неговите деца го обожаваат новиот Apple iPad. Одговорот е вчудоневидувачки: „Тие никогаш не го користеле. Ние го ограничуваме пристапот на децата до технологијата дома. ”

Најмладите ќерки на Стив Џобс – Ерин и Ева, биле соодветно на 12 и 15 години, кога првиот iPad завладеа на пазарот.

Уште поинтересно е тоа што починатиот творец на Apple не е единствениот кој размислуваше на овој начин. Голем број на други влијателни лидери и основачи на големи фирми исто така се обидуваат да ги заштитат своите деца од технологијата на XXI век. Тоа дури е тренд во Силиконската долина, каде масовно се стремат да ги фокусираат своите деца повеќе на практичниот живот надвор, отколку на паметна технологијата. Во поддршка на својата позиција, родителите изјавуваат дека тие се првите кои се соочуваат со опасностите на новите технологии и сакаат да ги заштитат своите деца од светот, насочен пред екраните на најпаметните уреди.

Инженерите веруваат дека технологијата ќе им одземе на децата од имагинација, креативното размислување и социјални вештини, ако уште од рана возраст користат смартфони и лаптопи. Играјќи надвор, децата развиваат многу побогати вештини и адаптибилност кон животната средина отколку со iPad во раката. Уште повеќе, децата треба да учат од книги и од дружење со други луѓе, а не од слободниот интернет простор и пребарувачот Google.

Се разбира, ставовите по ова прашање ќе варираат и ќе има како строги приврзаници на идејата за ослободување од технологијата во детството, така и такви кои наоѓаат добри страни во тоа нивните деца да ја разбираат и користат смарт технологијата од сосема мали. А вие како би постапиле?

- Реклама -