Уште од самите нејзини почетоци таа остави впечаток на необична девојка која не се плаши да експериментира со нејзиниот стил. Келис знаеше да ги примами момците со нејзиниот милкшејк, но и со храбриот имиџ кој се менуваше постојано во текот на нејзината кариера. Уникатниот вкус на пејачката, со кој таа постојано ги комбинираше урбаното и женственото, послужи како инспирација за голем број на девојки низ светот, како и за новите женски изведувачки.
Погледнете дел од највпечатливите модни изданија на Келис низ годините.