Стетоскоп – изум стар 200 години, а уште е во мода?

stethoscope_0

Стетоскопот е 200 години стар. Медицинската технологија значајно напредуваше во последните неколку декади – денес располагаме со високо развиени алати кои ни овозможуваат секаков детален увид во човечкото тело, а сепак, докторите се шетаат со тоа стетоскопите од 19-ти век како да се најнов тренд, истите тие стетоскопи кои беа користени во време кога медицинарите сé уште користеа пијавици како форма на третман. Што им е?

„Проблемот е што луѓето се навикнати на стетоскопите. Тој е вид докторска лична карта.“, вели др. Џагат Нарула, кардиолог во болницата Маунт Синај и еден од пропонентите што се залагаат за исфлање на стетоскопот од употреба.

А стетоскопот е измислен во 1816-тата, од Рене Теофил Хијасинте Ленек – француски доктор кој трагал по решение за слушање на срцето на една „полничка жена“. Слушањето на внатрешните звуци на телото како дијагностички алат е многу постара пракса, која датира уште од антички времиња (порано се викала аускулатација), а стетоскопот се јавува само како алатка што истата ја олеснува. Инспирацијата е добиена од децата што „испраќале пораки“ преку гнило/шупливо дрво: едното дете припивајќи го увото до едната страна на дрвото, другото – испраќајќи сигнали со тропање по другата (рана верзија на „телефон“ од конец и конзерви). Така, Ленек создава направа што – на едната страна притисната на телото на пациентот, а на другата на увото на докторот – ќе го амплифицира (засили) звукот што доаѓа од градната шуплина.

1454704293710596[1]Всушност, самиот збор „стетоскоп“, во буквална смисла, се преведува како „гледање во градниот кош“. Константното усовршување на дизајнот му овозможи да остане првиот чекор при дијагностиката, и покрај тоа што се појавија технологии што и буквално ни овозможија да погледнеме во внатрешноста на телото: рентген во 1895-тата, електрокардиограмот во 1902-та, ултразвукот во 50-тите и магнетната резонанца во 1977-та. Меѓутоа, овие технологии, колку и да беа напредни, беа премногу скапи и интрузивни за да бидат користени уште при првиот чекор. Нема доктор што ќе ве прати на детално испитување без претходно да направи базичен физички преглед на телото (со стетоскоп).

„Можеш да пратиш пациент на MRI скенер и да добиеш многу подетална слика за срцето отколку што некогаш можело да се замисли. Не постои многу што MRI-то може да пропушти. Но, истовремено, кога некој ќе ти дојде во ординација и ќе се пожали на болка во градите, поставувањето на стетоскоп на неговите гради е многу корисно“, вели Закари Голдбергер – кардиолог и асистент-професор на универзитетот во Вашингтон.

Signos_Portable_Ultrasound_System_01_gallery[1]
Портабл ултразвук.

Сепак, новите технологии почнуваат да му парираат на стетоскопот во повеќе аспекти. Рачните ултразвук-апарати стануваат сé покомпактни, помоќни и полесни за користење, овозможувајќи им на обучените доктори и буквален увид во градниот кош, а не само слушање.

„Постојат многу малку проблеми што не би можел да ги детектираш со ултразвук. Со рачните ултразвук апарати ќе ги воочиш сите случаи што во спротивно би ги пропуштил и не праќаш залудно луѓе на ЕКГ, кога не е потребно“, вели Нарула. Додуша бројките не секогаш му одат во прилог.

Прво, ултразвук апаратите чинат помеѓу 5.000 и 10.000 долари, за разлика од стетоскопите кои чинат околу 200 или помалку. Исто така, не се рафинирани до тој степен за да уловат сé што може да улови стетоскопот, барем според Валентин Фустер – кардиолог и главен доктор во Маунт Синај и уредник на Журналот на американскиот колеџ за кардиологија. Во еден свој едиторијал објавен месецов, Фустер набројува дури шест примери од 48 часа поминати на клиниката, во кои стетоскопот уловил нешто што ултразвукот  го пропуштил.

Види го тоа среќно лице
Види го тоа среќно лице

Фустер пишува: „Тврдењата дека ‘стетоскопот е мртов’ се потполно погрешни. Всушност, со најновите дигитални својства, стетоскопот е ‘поздрав’ од било кога“.

Додуша, тој ја истакнува потребата дека докторот мора да биде искусен и добро обучен за да може да направи добра анализа користејќи само рачни алатки (како стетоскопот) т.е. мора да поседува соодветна вештина за да може да прегледа пациент без дигитална помош.

Голдерберг, пак, наведува и една друга добра поента: физичката блискост помеѓу докторот и пациентот, што стетоскопот ја подразбира, е редок комодитет во време кога докторите се пренатрупани со работа и притиснати од времето:

„Преку користењето на стетоскопот се поврзуваме со пациентите. Токму во тоа е суштината на медицината. Важно е да продолжиме да ја истакнуваме важноста на физичкиот преглед кога работиме со младите практиканти. Стетоскопот претставува многу повеќе отколку обична направа за слушање на срцето“.

026149861_prevstill[1]
Бонус: На студентите по медицина, во нормалниот свет им го даваат како подарок, заедно со белиот мантил.

И по 200 години, стетоскопот е сé уште најекономичниот и најпрактичен прв чекор во поставувањето на дијагноза. Дури и да ја изгуби својата функција, сигурно често ќе го гледаме, макар како „моден“ детал, со оглед на тоа колку луѓето се навикнати на неговото присуство и  менталните асоцијации на знаење и медицинско искуство што ги предизвикува кај пациентите.

- Реклама -