Штетата предизвикана од Сенди

Откако остави уништување зад себе во Карибите, Ураганот Сенди беше одговорен за големи материјални штети на северо-источниот брег на САД.

Сенди пристигна на копното во јужниот дел од Њу Џерзи и предизвика поплави, структурални штети и прекин на електричната енергија. Градот Њујорк беше погоден особено сериозно. Бурата беше толко голема – речиси 1600 километри широка – што стигна до Западна Вирџинија и езерото Мичиген. Првичните проценки се дека Сенди предизвикала штета од околу 30 милијарди долари во САД и до сега се пријавени околу 100 жртви.

[Hurricane Sandy: The Superstorm]

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант
- Реклама -