Одговорот на прашањето „Дали ќе бидете многу или малку пијани“ лежи во тоа, од каква чаша пиете алкохол.
Алкохолот се пие побавно од рамна, отколку од заоблена чаша, тврдат британските научници, наведувајќи дека од рамна чаша подобро гледаме колку сме испиле, па со самото тоа подобро ја контролираме ситуацијата.
Дејвид Трој и Еџела Атвуд од Универзитетот во Бристол, спровеле истражување за влијанието на обликот на чашата врз брзината на пиење.
„Опивањето е голем социјален проблем, а стратегијата за сузбивање на алкохолизмот буди голем интерес. Важно е да откриете кои фактори влијаат на прекумерното консумирање на алкохол и како тие можат да се променат, така што ќе ги поттикнат оние кои што пијат да бидат поодговорни“, вели Трој.
„Се покажа дека е многу потешко да се процени испиената количина од заоблена, отколку од рамна чаша“, наведува тој.
Трој објаснува дека истражувањето било спроведено врз 160 мажи и жени поделени во две групи, од кои што едната пиела пиво од рамни, адругата од заоблени чаши.
Тестот покажува дела оние на кои што пивото им било послужени во рамни чаши испиле значително помалку пијалок, во ист временски период, што го потврдува нивното тврдење.