„Научниците во Соединетите Држави се приближуваат кон пронајдокот на вакцина за да го заштитат светот од ширењето на ковид-19“, според информациите објавени од Стејт департментот на Фејсбук.
Неколку американски партнерства веќе тестираат вакцини на луѓе, што претставува голем чекор напред во докажувањето дека лекот е безбеден и ефикасен. Други смислуваат нови начини за вакцината, кога ќе биде спремна, да се достави низ целиот свет.
Научниците во американските компании и универзитети успеале да го скратат времето на своето истражување, кое обично трае со месеци или години, на неколку недели.
„Во тие напори беше добиена дополнителна поддршка со одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да определи 8,3 милијарди долари од американските федерални фондови за борба против ковид-19.“
повеќе на мкд.мк